Интересна изјава имаше поранешниот голман на Интер, Жулио Цезар кој откри дека Жозе Мурињо го мразел Икер Касиљас.
Мурињо и Касиљас соработуваа во Реал Мадрид, а токму Португалецот беше првиот тренер кој што го пресели Касиљас на клупата за резервни фудбалери и ја изненади фудбалската јавност со таквиот потег.
Тоа се случуваше во годините кога Бразил го освои Купот на конфедерации, а во финалето Бразилците ја победија Шпанија со 3:0. За најдобар голман на турнирот беше прогласен Жулио Цезар кој му ја превзеде наградата на Касиљас, а по натпреварот двајцата голмани ги замениле дресовите.
Само неколку минути после добивањето на наградата, Цезар добил порака од Мурињо со кого соработуваа во Интер.
„Кога влегов во соблекувалната, видов на мојот телефон дека имам порака од Мурињо. Тој имаше проблеми со Касиљас во Реал Мадрид, а во пораката пишуваше - Ти си луд. Тој треба да го носи твојот дрес, а не ти неговиот“, открива Цезар кој што додава дека подоцна Мурињо му рекол дека тој со една рака одбранил повеќе отколку Касиљас вкупно.