Карлос Саинз откри дека е задоволен ако својата кариера ја продолжи во Рено и покрај едногодишниот план за позајмица кој е договорен помеѓу французите и Ред Бул. Голем дел од иднината на младиот шпанец ќе зависи од тоа што ќе реши Даниел Рикардо за следната година, дали ќе остане во Милтон Кинс или ќе реши да се трка за некоја друга екипа.
„Дефинитивно мојата иднина мже да биде во Рено и ако тоа се случи, јас сум подготвен. Ми се допаѓа во Енстон особено што екипата брзо напредува, инвестициите доаѓаат, а сите механичари и инженери го чувствуваат тоа“, објасни Карлос за британски Sky F1.
Советникот и Амбасадор на Рено, четирикратниот Формула 1 првак Алан Прост, смета дека трансферот на Саинз во Рено бил ризик кој од денешна гледна точка се исплател.
„Знаевме дека беше ризик, но за екипата беше важно да напредува.
Донесовме одлука добра за екипата и добра за Нико за да ја подигне својата форма“, појасни Прост.