Ленс Строл е свесен дека очајната форма на Вилијамс го прикрива неговото подобрување годинава, но знае дека оние кои ги следат неговите перформанси знаат дека е посилен од лани. Канаѓанецот заврши на 14то место на секоја од првите три трки од сезоната, но следува Азербејџан и улиците на Баку, трката каде лани стигна до подиум.
Со моменталните перформанси на ФВ41 болидот од Гров, тешко е дека ќе може да го повтори ланскиот успех, но убеден е дека напредокот ќе дојде.
„Луѓето кој треба да ја оценат мојата форма гледаат што правам. Спортот во многу зависи од болидот и поради тоа не е тајна дека јавноста не може соодветно да ги оцени возачите ако болидот не е добар.
Погледнете го Фернандо Алонсо, совршен пример, двократен првак и еден од најдобрите возачи на гридот, но не е во најдобриот болид, не влегува во К3 и не победува на трки. Тоа е природата на спортот и така се одвиваат работите.
Единствено што можам да направам е да се подобрувам секој викенд, секој пат кога ќе влезам во болидот, да работам на моите слабости, да ги подобрувам моите силни страни затоа што знам дека одговорните во тимот го гледаат тоа, а мене тоа ми е важно. Останатото е надвод од моја контрола“, објасни Ленс.