„Одмаздници: Војна на Бесконечноста” уште во почетните сцени ќе умре главен лик

Точка

19/04/2018

20:13

4.656

Големина на фонт

а а а

Браќата Русо веќе им кажаа на обожавателите да се подготват за емотивен ролеркоустер (во превод, нема да знаеме главата кај ни е) во претстојниот „Одмаздници: Војна на Бесконечноста” и знаеме дека ќе има најмалку една, ако не и повеќе смртни случаи на големи херои.

Но, сега извори тврдат дека ќе не уништат емоционално уште на почетокот на филмот. Велат дека еден од хероите ќе умре во почетните сцени.


"Го поставува расположението за остатокот од филмот - како и иднината на Марвел Универзумот", изјави изворот за Screen Geek.

"Добро е што Браќата Русо им кажува на обожавателите да бидат емотивно подготвени за филмот - бидејќи тие дефинитивно ќе треба да бидат. Без разлика дали го очекувате тоа или не, ќе биде ГОЛЕМО. "


„Одмаздници: Војна на Бесконечноста” е поставен две години откако одмаздниците беа раздвоени за време на настаните во „Капетан Америка: Граѓанска војна”, а вистинскиот заплет на филмот се чува повеќе од Форт Нокс.


Веќе со месеци се шпекулира за смртта на хероите, а Капетан Америка и Локи се најчесто спомнуваните имиња; Локи формираше чуден сојуз со својот брат Тор и големиот лош негативец Танос, а во една сцена од трејлерот се гледа како доброволно да го предава Тесерактот.

На Роберт Дауни Џуниор му се испушти дека карактерот на Крис Еванс ќе излезе од Марвел Универзумот пред  Тони Старк, како што во едно неодамнешно интервју изјави дека ќе му недостига кога Крис нема да е повеќе"Кап".


Како си играат со нас цело време, неверојатно. Еден кажува едно, друг кажува друго, демек им се испуштило, а всушност сево ова е една добро исценирана игра.

Има уште шест дена до претпремиерата на 25 април, јас прописно си се обезбедив со карти. Што ќе се случи не знам, само знам дека едвај чекам!



Спонзорирани линкови

Маркетинг