Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски ќе игра во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција што се игра на земјени терени за награден фонд од 15.000 американски долари.
По вчерашната лекција која му ја одржа на најдобриот турски рекет Марсел Илхан, денеска Томи по голема борба која траеше три часа излезе како победникот од битката со Давиде Галопони од Италија. Јотовски првиот сет го зауби со 6-4 по што во вториот врати со иста мерка за да во третиот решевачки слави со 6-3.
Во четвртфиналето противник ќе му биде Чехот Нежедли или осмииот носител, Липовпек-Пучес од Аргентина.