Ново моќно оружје: Русите располагаат со технологија која дроновите ги прави неупотребливи

Точка

19/04/2018

17:06

5.097

Големина на фонт

а а а

Рускиот концерн „Аутоматика“ разви три најнови видови на вооружување за радио-електронска борба против дронови кои што се во состојба да ги откриваат, следат и соборуваат.

Според зборовите на главниот инжинер на проектот, Сергеј Ширјајев, оружјето функционира така што директно влијае на радио-врската со дроновите и го блокира далечинското управување, ја попречува навигацијата и ги ресетира вчитаните податоци и наредби.

Доколку станува збор а дрон со четири елиси, системот му дава наредба да остане во една позиција во воздух што значи дека ветерот одредено време ќе го носи дронот пред да остане без батерии или гориво и едноставно да падне. Според Русите, новата технологија прави дроновите да бидат едноставно неупотребливи.

„Доколку дронот е со крила, тогап нашиот систем предизвикува тој неконтролирано да ја губи висината се додека не удри во тлото“, додава Ширјајев.

Новиот систем „Сапсан“, според зборовите на Ширјајев е во состојба да го открие дронот на оддалеченост од преку 100 километри, да го собори или пак да им ги открие сите податоци поврзани со дронот на оперативците кои што раководат со против-воздушните системи.


Вториот систем наречен „Таран“ е исклучително ефикасен во случај на масовен напад со дронови. Како што открива Ширјајев, тоа оружје е во состојба над објектот кој се брани, да направи невидлива купола со пречник од речиси еден километар која што дронот нема да може да ја пробие.

Третиот систем „Пишчаљ“ бил исклучително практичен кога станува збор за борба во движење со оглед на тоа што направата е тешка само три килограмич Ширјајев отрива дека моментално во тек се тестирања, а се предвидува дека сериското производство ќе започне најдоцна кон крајот на оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг