Нова драма на американското небо: Се запалил моторот на патнички авион

Точка

19/04/2018

14:37

2.799

Големина на фонт

а а а

Денес се случи нов инцидент во американскиот воздушен простор - мотор на авион на авиокомпанијата „Делта“ се запали после полетувањето кон Лондон.

Авионот на американската авиокомпанија „Делта“ принудно слетал во Атланта само половина час после полетувањето од истиот аеродром.

Имено, во околу 18 часот по локално време, патниците забележале како густ чад излегува од десниот мотор на авионот "Airbus A330" поради што пилотите одлучиле веднаш да свртат и да се вратат на аеродромот од каде што веќе и можел да се забележи пламенот.


Авионот безбедно слетал, а ниту еден од патниците не бил повреден. На авионот кој што летал од Атланта кон Лондон имало 274 патници и 14 членови на екипажот. Патниците после слетувањето за американските медиуми изјавиле дека пилотот добро реагирал и квалитетно си ја завршил работата во критичните моменти.

Новиот инцидент се случи само неколку дена откако светот беше шокиран од експлозијата на моторот на авионот на американската компанија "Southwest Airlines" кој го проби трупот и за малку една патничка ќе излеташе од прозорот.


После експлозијата на моторот, шрапнелите го пробиле прозорот по што жената речиси до половината била надвор од авионот. Сепак, патниците успеале да ја повлечат внатре во авионот, но за жал таа им подлегнала на повредите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг