Од ремоделирање на стари приколки до минијатурен мобилен дом и камп-приколка, инспирирана од Европа; „Airstream” е кралот на приколки за патување. Лансирањето на нивниот последен модел – модерна фиберглас приколка наречена „Nest ”(Гнездо) ‒ претставува нова ера на брендот, со фокус на напреден дизајн. „Airstream” открива: "Со своето фибергласно тело и несекојдневен стил, новата приколка „Nest ”од „Airstream” не изгледа како ништо што сме направиле досега".
Компактна, со лесно тело и лесна за влечење, „Nest ” е дизајнирана за спонтаниот патник. "Совршена за викенд одмор во последен момент", нејзиниот елегантен, индивидуализиран дизајн доаѓа во две бои и опции за подот.
Дизајнирана од Брајан Томпсон, модерната надворешна фиберглас школка има шест прозорци, тавански прозор и широка шофершајбна за панорамски поглед. Има дури и натстрешница за да им се овозможи на корисниците да создадат мало дворче.
Внатре, малиот простор има изненадувачки карактеристики и удобности. Целосно функционален тоалет, кујната содржи доста простор за складирање, две рингли со капак што создава дополнителен простор кога не се во употреба. Плус, има микробранова печка, фрижидер со ладилник и доволно големо лавабо од не’рѓосувачки челик.
Приколката вклучува „трпезарија” во форма на буквата У, која може да се претвори во удобен кревет кога ќе бидете подготвени за дремката после ручек. Исто така, постојат интересни мали додатоци , како што се Bluetooth-контролирани LED светла и завеси што не пропуштаат светлина.
Погледнете ја и новата реклама.