По повеќе децении постоење, се распушта ETA

Макфакс

19/04/2018

13:25

1.304

Големина на фонт

а а а

Баскиската милитантна група ЕТА е подготвена да го објави конечното расформирање на почетокот на мај, со што ќе стави крај на повеќедецениското насилство за независна Баскија од Шпанија, пренесе регионалната јавна телевизија ЕТБ.

Според информациите, ЕТА убила повеќе од 800 луѓе, вклучително и полицајци, политичари и бизнисмени пред да се откаже од воружената кампања за независност на Баскија во 2011 година и да го предаде вооружениот арсенал минатата година.

Франција и Шпанија, каде што ЕТА ги направила повеќето од своите смртоносни акции за повеќе од 40 години, побарале нејзино распуштање.

Телевизијата ЕТБ доцна синоќа објавила дека ЕТА во првиот викенд од мај ќе го објави своето распуштање. Настанот што ќе го означи крајот на групата ЕТА ќе биде одржан во јужна Франција пред групата официјално да го објави тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг