Нешто мириса на релација Погба-Мурињо: Потегот на фудбалерот остана „неразјаснет”

Дерби

19/04/2018

13:00

2.134

Големина на фонт

а а а

Екипата на Манчестер Јунајтед славеше рутинска победа од 2:0 на гостувањето на „Виталити“ стадионот кај Бурнмaут во рамките од 34. коло од Премиер лигата.

Иако Погба одигра одличен натпревар и во 70. минута го реши прашањето на победникот откако одлично го проигра Ромелу Лукаку кој со уште подобра реакција го матираше голманот на Бурнмаут по вторпат, сепак беше беше заменет во 80. минута од натпреварот и на неговото место во игра влезе дефанзивецот Дејли Блинд.

Но, сепак фоторепортерите, кои беа покрај теренот успеаа да го фатат потегот на Погба, кој тотално го изигнорира Мурињо по излегувањето од игра и се упати кон соблекувалните со цел да му испрати порака дека не е задоволен што е изваден од игра. Со овој потег дефинитивно се потврди дека не е се во најдобар ред на релација стратег-фудбалер.

Манчестер Јунајтед со оваа победа остана на втората позиција на табелата со четири бодови повеќе од третопласираниот Ливерпул и сега има речиси обезбедено место во Лигата на шампионите за следната сезона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг