Салах со нова цел - да го урне импресивниот рекорд на легендарниот Раш: Сакам да бидам број еден…

Дерби

19/04/2018

12:56

1.047

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах има неверојатна прва сезона во дресот на Ливерпул и во досегашниот дел од истата има постигнато дури 40 погодоци.

Меѓутоа интернационалецот од Египет не планира тука да застане и сака да ги искористи преостанатите четири средби во Премиер лигата и можните три во Лигата на шампионите (две се сигурни (Рома) плус финале) за да го надмине рекордот на легендата на „црвените“ Јан Раш кој во натпреварувачката 1983-84 постигна 47 голови на 65 натпревари.

- Има голема шанса да го соборам тој рекорд, да се биде број еден во клуб како Ливерпул тоа е нешто големо. Ќе бидам среќен ако го урнам. Среќен сум со 40 голови, но сакам уште да дадам, сакам да бидам број еден за тој рекорд. Секогаш е добро кога ќе го видите вашете име со легендите на клуб како Ливерпул, тоа е различнo чувство и среќен сум поради тоа. Ама секогаш се гледам себеси и барам уште повеќе. Сега имам 40 и си велам: Зошто да не? Можеш да бидаш број еден! Не се работи за индивидуални награди, тоа е нешто за тимот. Ако јас имам добра шанса да асистирам тоа ќе го направам, не е за мене, тоа е за нас, - порача Мо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг