Сопствената ќерка ја држел 24 години во подрумот на својот дом и ѝ направил седум деца: "Сакав да ја заштитам"

Точка

19/04/2018

12:44

7.216

Големина на фонт

а а а

Денес, една деценија по откритието на неговата мрачна сексуална ќелија во Амстетен, Фрицл служи доживотна казна затвор поради силување и чување на ќерката во заробеништво, во звучно изолирана подрумска просторија каде во текот на годините ја силувал околу 3.000 пати.

На денешен ден пред десет години, на 19. април 2008. година, светот дознал за страшната приказна за монструозниот татко, Австриецот Џозеф Фрицл, кој дури 24 години ја држел својата ќерка Елизабет заробена во подрумот на семејната куќа, каде секојдневно ја силувал и злоставувал. Со неа имал дури 7 деца. 

Клопчето на оваа страшна приказна почнало да се одмотува кога се разболела најстарата ќерка од инцестуозната врска на Фрицл и неговата ќерка Елизабет. Тој попуштил пред молбите да го одведе детето во болница. Тој ден, пред десет години, Елизабет Фрицл, прв пат по 24 години излегла во надворешниот свет. Лекарите тогаш, со оглед на лошата здравствена состојба на детето, се посомневале дека нешто во таа приказна не е како што треба, па пријавиле во полиција, по што бил разоткриен монструозниот чин на Фрицл.

Префрлен на психијатрискиот оддел во затворот

Денес, една деценија по откритието на неговата мрачна сексуална ќелија во Амстетен, Фрицл служи доживотна казна затвор поради силување и чување на ќерката во заробеништво, во звучно изолирана подрумска просторија каде во текот на годините ја силувал околу 3.000 пати, пишува британски "Mirror".

Фрицл во затвор најпрво работел како библиотекар. Но, на возраст од 83 години здравјето почнало да му се влошува и покажувал разни знаци на деменција, поради што бил сместен во психијатрискиот оддел на најчуваниот австриски затвор Кремс-Стеин. Неговата ќерка Елизабет во тие 10 години немала никаков контакт со него. Таа денес има друго име и живее на тајна адреса некаде во Австралија, заедно со 7-те деца кои ги родила во инцестуозната врска со својот татко.

Платил да му се промени презимето во Мајрхоф

Фрицл во текот на судењето и пред пресудата во 2009. година, рекол дека се правел со добра намера и за да ја заштити својата ќерка. Во затвор бил непопуларен меѓу другите затвореници, поради што престојувал во самица под постојано набљудување од стражарите. Во 2016. година Фрицл бил намамен од затворениците кои го истепале, при што изгубил неколку заби. Неодамна платил 545 евра за да му се смеи името во Мајрхоф, пишува "Mirror".

Озлогласената куќа на Фрицл во Амстетен ја купил еден пар за само 160 евра. Ја обновиле и таму изнајмуваат соби. Подрумот во кој Фрицл ја чувал својата ќерка по налог на полицијата бил заѕидан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг