Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Макфакс

19/04/2018

11:03

1.967

Големина на фонт

а а а

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието, забележа дека треба да се продлабочат реформите и сите да работат посветено за во јуни да има позитивни вести во Македонија.

„Се вративте на патот и ова е местото на кое треба да бидете – назад на патот кон Европа, со јасна неусловена препорака за почеток на преговори за влез во нашата Унија“, рече Могерини.

Според неа чистата препорака е резултат на напорите на Владата и соработката на опозицијата во реформскиот процес. „Владата има одговорност да ѝ отвори простор на опозицијата за целосна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата работа. Имате обврска да ги идентификувате националните интереси и приоритети, да соработувате со институциите за да постигнете резултати“, им рече Могерини на пратениците.

Во јуни ќе се одржи Самит на Европската Унија. И премиерот Зоран Заев очекува тогаш Македонија да добие датум за почеток на преговорите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг