Пакистанската полиција соопштила дека група мажи денес фрлила киселина на три студентки во градот Гуджрат.
Полицискиот службеник Умаир Хајат рекол дека тројца мажи биле уапсени за овој инцидент. Според неговите зборови, тие биле на мотори, а студентките биле нападнати во близина на автобуска страница.
Хајат додал дека една студентка се здобила со изгореници на лицето, а другите две на рацете. Две студентки се сестри, а третата е нивна пријателка.
Според зборовите на Хајат, нападот најверојатно уследил по семејна расправија, бидејќи една од девојките одбила брачна понуда.
Меѓу напаѓачите е чичкото на сестрите, кој пристигнал од Исламабад само да ѝ се одмазди на една од нив, пренесуваат локалните медиуми.