Маж од публиката ја нападнал Лана Дел Реј, фановите загрижени

Точка

19/04/2018

09:57

3.804

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Лана Дел Реј наводно била нападната во вторникот од страна на еден фан, по концертот во Антверп во Белгија.


Фановите се загрижени за здравјето на пејачката откако, како што пренесуваат странските медиуми, полуден фан скокнал од публиката на една жена во бела маица, за која се претпоставува дека е Лана. Се се случило кога пејачката ја напуштала бината, откако завршил концертот. 

Загрижените фанови веднаш ги преплавиле социјалните мрежи со прашањата дали е Лана добро и и укажувале поддршка. Уште не е познато дали е Лана Дел Реј повредена во инцидентот кој се случил.

"Можете ли да ни кажете што точно се случи?", "Мислам дека на снимката видов како тој скока на неа, и потоа заедно паѓаат, тоа е страшно", "Бесен сум и исплашен. Знае ли некој дали е повредена?", се само некои од прашањата на фановите на Лана на социјалните мрежи.

На почетокот на оваа година, Лана Дел Реј исто така била актер во инцидент, кога случајно удрила танчарка на сцената, а не ни забележала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг