Могерини ќе се обрати пред пратениците во Собранието

Макфакс

19/04/2018

09:52

960

Големина на фонт

а а а

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Федерика Могерини, денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Македонија. На вчерашната прес-конференција во Владата, Могерини рече дека задоволна што опозицијата се вратила во Собранието.

Могерини вели дека е добро што Македонија се вратила на патеката која води до членство во Европската Унија. Таа потенцира дека безусловната препорака не е заслуга само на Владата, туку и на институциите и на граѓаните, а за резултатот, како што рече, подеднакво е заслужна и опозицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг