Тоа дека точките се ултра популарен тренд пролетва и не е некое изненадување. Но, понудата на брендот Топшоп - да!
За актуелната сезона тие подготвија шаренило од бои и принтови, но најмногу се издвои фустанот со длабок V-израз во предниот дел. Тој стана едно од најпосакуваните парчиња за сезонава, а магијата многумина ја гледаат во комбинацијата на точкастите принтови (поситен и покрупен).
Исто така, грбот е отворен помеѓу двете дебели прерамки, а карнерите и лелеавоста во долниот дел го прават идеален за овој период од годината (вклучително и летото).
Доказ за тоа дека фустанот успеа да освои многу жени ширум светот е експресната онлајн распродажба на истиот, по што долго време го немаше во понудата. Но, од неодамна повторно е присутен, на задоволство на бројни обожавателки.
Цената му е околу 50 евра (49 фунти), а со оглед на тоа дека е повторно достапен, сигурни сме дека повторно ќе биде распродаден во рекорден рок, иако не е единствениот со точки во понудата на брендот.
И социјалните мрежи укажуваат на неговата популарност, во што ве оставаме да се уверите и сами: