Фудбалерите на ПСЖ неодамна ја освоија шампионската титула во францускиот шампионат, а синоќа славеа со 1:3 против Каен во рамките на францускиот Куп.
Секако, еден од најдобрите фудбалери на теренот синоќа беше талентираниот Килијан Мбапе кој што постигна два погодоци, а посебно интересен беше неговиот дриблинг во 32-ра минута кога си поигра со двајца противнички фудбалери.