Русите донесоа одлука: Ќе им дадеме на Сиријците моќно оружје!

Точка

19/04/2018

14:13

7.730

Големина на фонт

а а а

Испораката на против-воздушните системи С-300 како и обуката на сириските војници е во рамките на предизвиците во моментот во таа земја, изјави претседателот на одбранбениот комитет на Советот на федерацијата на Русија, Виктор Бондарев.

Тој порача дека уште сега е возможно создавање на високорфикасен систем на против-воздушна заштита во Сирија која што ќе биде во состојба да ја обезбеди војската и цивилните објекти.

Бондарев истакна дека испораката на системот С-300 во Сирија „ќе ги отрезни жешките глави на генералите на НАТО“.

Според него, неодамнешниот напад на САД, Франција и Велика Британија на Сирија е агресија против една суверена земја и тој порача дека сириската армија не располага со хемиско оружје.

„Нападот на западните земји на Сирија го потврди тоа - доколку имаше хемиско оружје во нападнатите објекти, тогаш ќе следуваа неверојатни експлозии, а отровните супстанци ќе се проширеа на целата територија на земјата. Значи САД уште еднаш ја излажаа меѓународната јавност“.

САД, Франција и Велика Британија минатата сабота наутро изведоа ракетни напади на сириските владини објекти кои што според нив се употребуваат за производство на хемиско оружје. За време на воените операции тие лансираа над 100 ракети кои што ги срамнија со земја споменатите објекти.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, исто така ја нарече воената операција за агресија на една суверена земја, потсетувајќи дека не е докажано дека воопшто имало хемиски напад на цивилното население во Дума.



Спонзорирани линкови

Маркетинг