Израелскиот министер за одбрана: Никој не може да го ограничи нашето делување во Сирија, ќе се спротиставиме на секаква закана од Иран

Точка

19/04/2018

09:47

2.517

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана на Израел порача дека еврејската држава нема да прифати никакви ограничувања во врска со воените операции во сирискиот воздушен простор.

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман порача дека Израел нема да прифати никакви ограничувања во врска со воените операции во сирискиот воздушен простор истакнувајќи дека Израел има секакво право на сите начини да се спротистави на „иранската закана“.

Неговата изјава доаѓа непосредно откако деновиве повторно паднаа ракети во Сирија, а иако веднаш сите ги вперија прстите кон Израел, сепак на крајот се покажа дека сириската армија по грешка ги лансирала ракетите од против-воздушната одбрана.


Сепак, Либерман нагласи дека се надева дека комуникациските линии воспоставени со Москва ќе помогнат во избегнувањето на „непријатните ситуации“ во воздушниот простор на Сирија.

Пред САД, Велика Британија и Франција да ја нападнат Сирија минатата сабота, голем ракетен напад беше изврешен над сириската воздушна база Т-4 во близина на Хомс. Тогаш во воздушниот напад базата беше сериозно оштетена, а околу 14 лица, претежно ирански платеници го загубија животот.


Иако е речиси сигурно дека израелски борбени авиони го имаа изведено ракетниот напад на базата, сепак од Тел Авив и натаму молчат во врска со обвинувањата, додека пак Сиријците не можат да докажат кој навистина стои зад нападот.

Досега израелските борбени авиони преку стотина пати го нарушија сирискиот воздушен простор и изведоа голем број на операции во Сирија, а пред извесно време Сиријците за прв пат возвратија и притоа соборија еден израелски борбен авион од типот Ф-16.



Спонзорирани линкови

Маркетинг