Јода ќе се врати во „Војна на ѕвездите: епизода IX” за да го признае успехот на Реј како Џедај

Точка

18/04/2018

23:31

4.903

Големина на фонт

а а а

Мастер Јода ќе се појави и во „Војна на ѕвездите:епизода IX”. 900 годишниот Џедај Мастер повторно ќе се појави во форма на Дух од Силата(Force ghost), со цел да биде учител на ликот на Дејзи Ридли, Реј.

Јода се одјави и се врати во Силата за време на епизода VI: Враќањето на Џедајот, но повторно се појави како Џедај-дух заедно со Оби-Ван Кеноби и Анакин Скајвокер, а оттогаш се врати и  во „Последниот Џедај”. Говорејќи за весникот „New York Daily News”, од студиото рекоа: "Успехот на сцените во кој се појави Јода во „Последниот Џедај” беше огромен. (нормално)


"Јода повторно ќе се појави како Џедај-дух, за да го признае успехот и растот на Реј како Џедај. Сцените треба да се состават подоцна оваа година".

Враќањето на Јода, исто така, може да го повлече и враќањето на Лук како Џедај-дух, кој може да се врати да ѝ биде учител на Реј (или дури може и да се врати за да му помогне на својот првичен ученик Кајло Рен). Па, откако минатиов режисер ја уништи целата приказна, сега сите ќе ги враќаат за да се спаси нешто од франжизата.


Во „Последниот Џедај”, Јода му кажува на Лук дека Реј има "сè што ѝ треба", знаејќи дека веќе ги зела древните текстови на Џедаите пред да се запали дрвото на Силата.

Бидејќи обуката на Реј беше нецелосна (јас би рекла непостоечка) би било правилно некој од нејзините минати пријатели да ја посети.


Но не можеме премногу да се надеваме, бидејќи Марк Хамил пред извесен период изјави дека е време да ја остави популарната франшиза. Тој призна дека без Харисон Форд и Кери Фишер повеќе ја нема истата страст што некогаш ја имал. Разбирливо.

66-годишниот Марк Хамил признал: "Навистина не сум размислувал за епизода IX, бидејќи имам некое чувство на крај, приказната на Лук е раскажана. Што повеќе можам да направам? И знаете, треба да почнете емотивно да се одврзете од сето ова. Главната работа која ме шокираше во „Силата се буди” беше - Хан Соло е убиен! Никогаш повеќе нема да работам со Харисон".


Навистина не знам како Абрамс ќе ја дораскаже приказнава после катастрофалниот „Последниот Џедај”, само знам дека после епизода 6 требаше да се застане.




Спонзорирани линкови

Маркетинг