76-годишната баба Љубов Морекодова од Сибир не е обична пензионерка. И покрај нејзината старост, таа успеа не само да ги преживее ладните временски периоди, туку и да привлече внимание со нејзиното вешто лизгање на мраз.
Љубов научила да лизга на седум годишна возраст и сега своите пензионерски денови ги поминува лизгајќи на најдлабокото езеро во светот – Бајкалското езеро.
Бабата е пензиониран технолошки инженер и живее во скромна куќа грижејќи се за за нејзината мала фарма која се состои од кучиња, мачка, кокошки, петли, телиња, бикови и крави. За да се осигура дека кравите нема да отидат премногу далеку, Љубов ги става своите лизгалки на нозе, кои се направени во 1943 година, и лизга по езерото.
Бидејќи нејзиниот сопруг починал во 2011 година, Љубов живее сама, но таа не е осамена. Во текот на летото доаѓаат во посета нејзините деца и внуци. Иако нејзиното семејство и велело на оваа бестрашна старица да се пресели во градот, таа инсистирала да остане бидејќи таа тврди дека е среќна и исполнета што живее во ова далечно место сред Сибир.
Бабава влегува во мојата листа на омилени луѓе од светот. Може на сите да ни држи предавање како со многу малку може да си среќен и исполнет, а за активноста да не правиме муабет. Секоја чест! Навистина е Љубов.