Само 990 денари за комплет билети за сите денови на „Ентер фест“

Макфакс

18/04/2018

19:16

2.336

Големина на фонт

а а а

Стартува продажбата на билетите за претстојниот „Ентер фест“ во Скопје.

Од утре точно напладне ќе почне претпродажба на билетите, а цената за комплет билети за пет дена е само 990 денари. Билетите ќе можат да се купат на продажните места на сите филијали на „Халк банка“ и на http://mktickets.mk/

Истовремено в четврток на пладне ќе се одржи прес-конференција на која организаторите на големиот музички фестивал ќе ги откријат имињата на музичките ѕвезди што ќе настапат на „Ентер фест“ во Скопје. На две големи сцени поставени во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе настапат шеесетина музичари и популарни бендови од Балканот.

Организаторите открија дека во Скопје ќе настапи и пејачката Ера Иштрефи, најпозната со хитот „Бон-бон“.

Фестивалот има за цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји. Освен што велат дека ќе има музика за сечиј вкус, додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво, по цена од само 80 денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг