"Рускиот Елон Маск" е силуван и мачен до смрт во затвор

Точка

18/04/2018

19:41

8.880

Големина на фонт

а а а

Во затвор во Санкт Петербург брутално бил убиен Валери Псхенични, наречен "руски Елон Маск". Псхенични уште во јануари бил обвинет за проневера на 100 милиони руски рубљи за изработка на 3D модели на подморници.

Мачен и силуван пред смртта 

Само три дена подоцна, бил пронајден обесен во својата затворска ќелија. Затворските власти тој случај го окарактеризирале како самоубиство, но пријателите на Псхенични биле уверени дека не се убил. Исто така, на неговата сопруга и било чудно тоа што во ќелијата пронашла маица која претходно не била таму.

Официјалниот медицински извештај ги потврдил нејзините сомнежи - скршен 'рбет, трагови од електро-мачење, гушење и силување - се само некои од шокантните докази кои укажуваат на брутална смрт на рускиот научник.

Го обвинил поранешниот деловен партнер за измама

Проблемите на Псхенични почнале кога го обвинил својот поранешен деловен партнер Андреј Петров за измама, односно кражба на пари од нивната заедничка компанија. Петров бил уапсен, но на суд успеал да докаже дека е невин, па наместо него обвинет бил 56-годишниот Псхенични.

Според зборовите на неговата адвокатка Лариса Фон-Арев, Псхенични, добил назнаки дека своите последни денови ќе ги мине во затвор. Кога државните инспектори на 16. јануари дошле да го претресат неговиот дом, биле заедно со агентите на безбедносните служби, рекла Фон-Арев за британски "The Independent",

"Мојот клиент бил беспомошен против државата, која требало да го заштити. Очекуваме правилна истрага и судење за ова злосторство", заклучила Фон-Арев.

Сомнителните "самоубиства" не се новитет во Русија. Во четвртокот починал и истражувачкиот новинар Максим Бородин, откако наводно паднал од прозорот на својот стан на петтиот кат на зградата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг