Оваа жена ја слават како херој: Го приземјила авионот во пламен, а не ни трепнала

Точка

18/04/2018

18:36

6.280

Големина на фонт

а а а

Жената пилот која безбедно го спуштила авионот на кој му експлодирал моторот во Филаделфија, претходно стекнала големо искуство во американската морнарица.

 

Авионот на компанијата "Southwest Airlines" на летот од Њујорк за Далас, вчера принудно слетал на аеродромот во Филаделфија, откако му експлодирал левиот мотор, а парчиња од моторот оштетиле некои прозори и усмртиле еден патник.

56-годишната Тами Џо Шулц, откако експлодирал моторот, била принудена што побрзо да го спушти авионот на меѓународниот аеродром во Филаделфија.

Како што се наведува, Шулц, која била една од првите жени пилоти во американската морнарица, смирено им јавила на контролорите за воздушен сообраќај дека отпаднал дел од нејзиниот авион и дека на пистата ќе и биде потребно амбулантно возило.

##https://twitter.com/AndyGrewal/status/986359242549587968##

Повеќето од 144. патници во авионот ја пофалиле на социјалните мрежи, а службениците рекле дека персоналот на авионот го направил тоа за што бил трениран.

На сајтот "F-16.net" се појавиле податоци за Шулц, за која е наведено дека сакала да оствари кариера во авијацијата уште од средно училиште, но дека била одбиена бидејќи не примале девојки.

Студирала медицина, но не ја изгубила желбата за летање, па се пријавила во морнаричките воздушни сили. Таа била првата жена пилот на авионот "F-18" и станала инструктор пред да ја напушти морнарицата во 1993. година и се вработила во компанијата "Southwest Airlines".




Спонзорирани линкови

Маркетинг