Момчето кое го трансформирало своето тело за само 12 седмици објавило "time lapse" снимка од својот подвиг и станало хит на интернет.
24-годишниот Хантер Хомбс од Норман во Оклахома за само три месеци успеал да изгуби 19 килограми, и од "пивски стомак" да дојде до "six pack".
Експериментот почнал од љубопитност, а признава дека тоа е најтешкото нешто што некогаш го направил. Во тие 90 дена 5-6 пати неделно кревал тегови во теретана. Кога започнал експериментот, користел потешки тегови, за потоа постепено да се префрла на полесни и да го забрзува темпото.
Но, најтешкиот дел за Хантер, кој работи канцелариска работа во една нафтена компанија, била диетата, за која верува дека "најмногу помогнала".
Обично јадел пилешко, благ компир, овесна каша, салати, бадеми, протеински шејкови..."Исто така, сам ги готвев сите свои оброци на работа и ретко јадев надвор", рекол тој за "Daily Mail". Додал дека пиел и големи количини на вода, околу 3,5 литри дневно, но избегнувал и газирани пијалаци и алкохол.
На почетокот на својата трансформација се чувствувал "исцрпено, демотивирано и секогаш гладно". “По три седмици, кога сам ги видов промените и кога телото ми се навикна, се чувствував се подобро", вели тој.
"Оваа трансформација требаше да биде екстрем, а не нешто долгорочно. И натаму ќе одам во теретана пет-шест пати неделно, но нема толку да внимавам на јадењето и ќе испијам по неколку чашки со пријателите", заклучил тој.