Првиот човек на европската фудбалска федерација, Александар Чеферин за прв пат јавно и отворено се огласи за спорната одлука на судијата Мајкл Оливер на четвртфиналната пресметка меѓу Реал Мадрид и Јувентус, пеналот во судиското продолжение со кој беше решена оваа битка на великаните.
Многу реакции и коментари имаше на таа одлука, а првиот човек на „бјанконерите“, Андреа Ањели побара итно да се воведе ВАР технологија во елитното натпреварување. За ова прашање како и за одлуката на Оливер која ги подели фудбалските фанови, претседателот на УЕФА за „Газета Дело Спорт“ вели:
-Лигата на Шампионите е како Ферари или Порше. Не можете веднаш да го возите, потребна ви е обука и тестирање. Секој мора да разбере како функционира. Рано е за ВАР, но тоа не значи „никогаш“. Процесот е неизбежен, ќе го имаме еден ден во Лигата на шампионите, но нема брзање. Имам некои грижи за Светското првенство каде што ќе имаме судии кои никогаш не суделе со ВАР. Се надевам дека нема скандали или проблеми. Но, тоа е уникатен турнир, полесно е, исто како што е полесно во лига со сите италијански или сите германски судии. Премиер лигата исто го одложи, а во Лигата на шампионите тоа е различно. Фудбалот е веќе убав сега, нели? Мислам дека има некои луѓе кои сакаат да се фалат дека сака да се фалат дека први го имплементирале и ќе влезат во историјата. Ама на мене не ми е важно ако кажат оти Чеверин го донел ВАР во ЛШ. Не можете да го менувате турнирот кога веќе е во тек. Инаку некој би можел да каже „ако имаше ВАР пред два месеци“… Извинете, ама но што тоа ќе променеше на мечот Реал-Јувентус? Ништо. Има такви кои 20 пати ја видоа таа ситуација, јас ја видов 50, ама пак половина од нив сметаат дека е пенал, другата половина дека не е. На средбата Сити-Ливерпул ќе беше корисно за поништениот гол, но има и други проблеми. Реално гледано, во сезоната 2019-2020 би можеле да го имаме во Лигата на шампионите и на Европското првенство, -рече Чеферин.