Поранешна ѕвезда на Милан: Нејмар ќе биде хит на СП!

Дерби

18/04/2018

20:01

2.614

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Нејмар нема по добро да ја памети својата прва сезона во таборот на Пари Сен Жермен каде не ја оствари примарната цел, да му донесе успех на клубот во Лигата на шампионите, плус заработи заработи повреда и скршеница на ногата од која во моментов закрепнува.

Меѓутоа допрва следи најголемиот предивзик во оваа 2018 година, а тоа е Светското првенство во Русија на кое ако се биде како што треба ќе настапи Нејмар со својот Бразил. Од напаѓачот многу се очекува, да биде вистински лидер на оваа генерација и да го врати трофејот во земјата на кафето и самбата.

Некогашната ѕвезда на Милан, Сержињо верува дека Нејмар ќе одговори на овој предвик и ќе биде вистински хит на планетарниот собир во Русија.

-Се надевам ќе се врати 100 проценти. Има лоша повреда, ама ќе се врати на време. Тој е меѓу најдобрите на светот со Меси и Роналдо. Ќе биде едно од големите имиња на СП, -рече Сержињо кој верува оти овој соств на „кариоките“ е многу посилен од оној во 2014 година.

-По 2014 година Бразил го смени менталитетот. Сега се посилни, благодарение на Тите повторно ја открија радоста и креативноста за да играат фудбал, што беше токму она што го фалеше во 2014 година, -додаде легендата на „росонерите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг