Користите Windows 10? Вашето корисничко име и лозинка би можеле да бидат на мета на хакери

Точка

18/04/2018

19:40

2.574

Големина на фонт

а а а

Како најранливи се покажале и верзиите на Microsoft Word од 2007, 2012, 2013 и 2016 кои што се користат на повеќе Windows оперативни системи на Microsoft.

Корисниците на Windows можеби и веќе се навикнати на разни безбедносни пропусти кои што со текот на времето се откриваат во оперативниот систем. Во повеќето од случаите Microsoft тие пропусти ги решава со апгрејди, па корисниците можат мирно да продолжат со работа на своите компјутери.

Но, како што пренесуваат американските медиуми, последниот безбедносен пропуст кај оперативниот систем Windows 10 би требало сериозно да ги загрижи сите корисници на овој оперативен систем на Microsoft.


Имено, постои критичен пропуст кој што им дава можност на хакерите да го украдат корисничкото име и лозинката и без поголеми проблеми да ја превземат контролата над компјутерот, како и да добијат пристап до сите документи кои што се на самиот компјутер.

Пропустот се наоѓал во програмата за читање на електронска пошта Microsoft Outlook, а се открива во моментот кога корисникот отвори мејл кој што содржи документ во RTF формат и содржи OLE објекти.


Исто така, како најранливи се покажале и верзиите на Microsoft Word од 2007, 2012, 2013 и 2016 кои што се користат на повеќе Windows оперативни системи.

Од Microsoft соопштија дека споменатиот проблем може едноставно да се исправи со инсталација на последниот апдејт, односно со редовно ажурирање на оперативниот систем и програмите од пакетот Office.



Спонзорирани линкови

Маркетинг