Ибрахимовиќ: Одам во Русија, повеќе од тоа не можам да ви кажам

Точка

18/04/2018

16:11

2.020

Големина на фонт

а а а

Иако после Европското првенство во 2016-та година Златан Ибрахимовиќ соопшти дека се повлекува од националниот дрес, тој сепак се премисли и ќе настапува за Шведска на Светското првенство во Русија ова лето.

Фудбалерот на ЛА Галакси изјави во телевизиското шоу Jimmy Kimmell Live дека ќе патува на Светското првенство, но не откри дали тоа ќе го стори во копачки, или пак ќе ја посети Русија како турист.

„Ќе одам на Светското првенство. Повеќе од тоа не смеам да кажам зошто ќе ме обесат. Но, Светското првенство без мене не е Светско првенство“, изјави Златан Ибрахимовиќ.

Да потсетиме, Ибрахимовиќ настапуваше во дресот на шведската репрезентација од 2001-ва до 2016-та година и на 116 настапи постигна 62 погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг