Хамилтон се плашел дека ќе настрада во судирот на Фетел и Верстапен

КРУГ.МК

18/04/2018

16:04

2.029

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон смета дека имал среќа што неговиот болид останал недопрен во “синхронизираното извртување“ на Себастијан Фетел и Макс Верстапен на трката во Кина.

Британецот беше веднаш зад возачот на Ред Бул кога Макс се обиде да мине пред Ферари иако беше многу поназад, по што неговите задни тркала се закочија, имаше контакт со Себ и двајцата се извртеа на самиот излез на кривината број 14.


Хамилтон во тој момент излета надвор од патеката за да ги избегне двата болиди и загуби позиција од Кими Раиконен кој поради тоа што беше поназад имаше повеќе време да реагира и одбра линија од внатрешниот дел на кривината.

„Не ги видов кога бев на врвот од кривината на таа “шнола“ и одеднаш се појавија двајцата свртени кон мене. Не можев да завртам повеќе како што тоа го направи Кими и морав да ги минам од надвор.

Дефинитивно бев исплашен да не удрам во нив особено во моментот кога се обидуваа да се свртат за 180 степени и да се вратат во трка“, објасни шампионот.

Иако загуби позиција од Кими, Луис е благодарен за инцидентот затоа што со помош на истиот во голема мера се намалил неговиот заостаток зад Ветел во возачкиот поредок откако финишираше дури 4 позиции пред германецот од Ферари.

„Кога ја гледам повторената снимка не разбирам што правеше Верстапен, но тоа не беше мој проблем. Сепак, му благодарам за тоа што извози така затоа што ми овозможи да не загубам многу поени“, заврши Хам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг