Русите бесни: Нека не ве лажат, ова беа вистинските мети на Американците, Британците и Французите

Точка

18/04/2018

16:41

12.829

Големина на фонт

а а а

Руските власти тврдат дека САД и сојузниците не ги бомбардирале само истражувачките центри, туку и сириската воена инфраструктура, вклучувајќи ги и воздушните бази на сириската армија.

Од руското Министерство за одбрана соопштија дека не е точно дека сојузничките ракети лансирани на Сирија во текот на минатиот викенд полетале само кон три истражувачки центри за кои што од Пентагон тврдат дека сириските власти ги користеле за развој на хемиско оружје.

Во соопштението се тврди дека ракетите на САД, Велика Британија и Франција нападнале и воени објекти на сириската армија, вклучувајќи ги и воздушните бази.


„Вистинските мети на САД, Велика Британија и Франција на 14-ти април не беа само истражувачките центри, туку и сириската воена инфраструктура, вклучувајќи ги и воздушните бази кои што ги користи сириската армија“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков.


Тотално уништување: Овој објект бил една од главните мети, па Американците немале милост...

Тој исто така тврди дека ниту една од нападнатите бази не била значително оштетена затоа што сириската против-воздушна одбрана успешно ги соборила ракетите, иако за тоа воопшто не понуди никакви конкретни докази, за разлика од Американците кои што објавија сателитски снимки од нападнатите локации.


Да потсетиме, проруските медиуми као и руските власти тврдат дека сириската против-воздушна одбрана соборила голем број на лансирани ракети, додека од Пентагон тврдат дека сите ракети ја погодиле својата цел и нивната мисија била целосно уништена.

Како доказ, американските власти објавија сателитски снимки на кои што се гледа во каква состојба се објектите кои што биле погодени од крстосувачките ракети лансирани од ловци, бомбардери, разурнувачи и подморници на армиите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг