Како суден ден: Песочна олуја проголтала град за неколку секунди

Точка

18/04/2018

15:49

3.713

Големина на фонт

а а а

Глетката од песочната олуја во вторникот во Иран потсетува на сцените од холивудските апокалиптични филмови, така што не чуди тоа што многумина кои се нашле таму, веднаш ги земале своите мобилни телефони, а дури потоа побарале засолниште.

Џиновскиот песочен облак кој ги "споил" небото и земјата, го прекрил целиот хоризонт и за само неколку секунди од предградието дошол до центарот на Јазд. 

Видливоста, судејќи по настанатите снимки, се намалила толку што изгледало како густа црвена магла да паднала над Јазд.

Иранскиот град Јазд се смета за еден од најстарите градови, а сместен е на место каде се спојуваат две ирански пустини.

Познат по својата архитектура, своевремено се нашол во извештаите на славниот истражувач Марко Поло, кој пишувал за теписите и свилата од Јазд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг