Сендвич со протеински леб е одличен избор после вежбање

Точка

18/04/2018

15:34

5.275

Големина на фонт

а а а

Грижата за сопственото здравје, изглед и физичка подготвеност отсекогаш била актуелна тема, но во денешно време популарноста на вежбањето е зголемена, а со неа и планирањето на оброците, диетите и режимот на исхрана.

Без разлика на физичката активност која го обликува телото, храната која се консумира пред и по истата е од големо значење, а протеините се главните белковини кои мора да се внесат преку оброците бидејќи се од исклучително значење за создавање на мускулната маса. Како такви, тие може да се најдат во најразлични видови производи, меѓу кои и во протеинскиот леб кој од другите видови лебови се разликува по повисоката концентрација на протеини.  


За да одговори на барањата на потрошувачите кои внимаваат на својата исхрана, најголемиот производител на леб и брашно во земјава, Жито Лукс, во својата линија на производи го додаде и Нутри, протеинскиот леб кој има големо количество протеини и ниско ниво на шеќери. Лебот содржи додатоци од црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква кои го дополнуваат вкусот и неговиот нутритивен состав.


Токму овие додатоци се дополнителна придобивка од консумација на протеинскиот леб. Поради својата компактна структура и вкус, Нутри протеинскиот леб одлично се комбинира како прилог со салата, секаков вид месо, одличен темел е за добро подготвен и хранлив сендвич и е идеален начин за внесување на потребната енергија, пред и по секоја физичката активност. 

Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс ги урива стереотипите околу употребата на лебот во исхраната. Затоа грижете се за своето тело и ставете го лебот во планот за здрава исхрана. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг