Мета: Препораката за Македонија е значаен стратешки чекор

Макфакс

18/04/2018

15:28

1.531

Големина на фонт

а а а

Препораката што ја даде Европската комисија за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија е значаен стратешки чекор за стабилноста и безбедноста на регионот. Оваа оценка ја изнесе албанскиот претседател, Илир Мета, на средбата што денеска ја имаше во Тирана со високата преставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Албанскиот претседател изјави дека тоа е позитивна одлука која има големо значење за Македонија и регионот во целина.

Мета, кој се заблагодари за позитивната препорака на ЕУ и за Албанија, од Могерини побара Унијата да преземе побрзи чекори за либерализацијата на визите на Косово кон земјите членки. Косово по ратификацијата на демаркацијата на границата со Црна Гора, го продолжува својот пат на интеграции кон ЕУ, додаде Мета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг