Могерини побара од Тирана да ги затвори отворените прашања со Грција

Макфакс

18/04/2018

14:54

1.714

Големина на фонт

а а а

Високата преставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини во Тирана изјави дека Албанија треба да ги реши отворените прашања со Грција.

Могерини по средбата со албанскиот премиер Еди Рама, истакна дека верува во решавањето на се уште отворените прашања меѓу Тирана и Атина, што гарантира една подобра иднина. Албанските медиуми истакнуваат дека на средбата Могерини – Рама било разговарано и околу нерешената морска граница, прашањето за Чамите но и околу позицијата на грчкото малцинство во Албанија.

,,Иднината на ЕУ не е со 27 држави туку со повеќе држави затоа и преговараме за проширување на ЕУ“ истакна Могерини во Тирана.

Могерини во Тирана имаше средба и со албанскиот преседател Илир Мета и претсавниците на албанските опозициски партии. Таа истакна дека Албанија треба да продолжи на патот на реформите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг