Поради ризичната бременост на Јанкулоска, СЈО побара да ѝ се суди одделно

Макфакс

18/04/2018

12:38

3.142

Големина на фонт

а а а

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска не се појави на денешното рочиште за случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот Мерцедес. Одбраната го оправда нејзиното отсуство со потврда од лекар за ризична бременост.

По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да ѝ се суди одвоено.

Одбраната на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот помошник за внатрешни работи, Ѓоко Поповски се против барањето за раздвојување на постапката бидејќи сметаат дека Јанкулоска е важна за нивната одбрана. 

Судот даде пауза од 45 минути за да одлучи за барањето на СЈО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг