Предвидување на американски толкувач на Библијата: Третата светска војна и апокалипсата ќе почнат во Дамаск! Часовникот почна да отчукува со нападот на 14. април

Точка

18/04/2018

09:56

8.841

Големина на фонт

а а а

Теоретичарите на заговори се сигурни дека избивањето на Третата светска војна, која ќе почне на Блискиот исток, е одамна предвидено на страниците на Библијата.

Еден таков теоретичар на заговори, др. Боб Тил, ги истражувал библиските пасуси кои би можеле да го расветлат ова прашање. Во бизарното ЈуТјуб видео со наслов "Сирија и почетокот на Третата светска војна", теоретичарот на заговори предупредил на огромни последици по ракетните удари на објекти со хемиско оружје во Сирија на 14. април од страна на САД, Велика Британија и Франција. 

Меѓутоа, дали наводните предвидени последици би можеле да доведат до избивање на трет глобален судир меѓу огорчените светски суперсили?

Др. Тил вели дека "Нападот на Сирија на 14. април 2018. година не е всушност почеток на Третата светска војна. Третата светска војна не е некој вид на војна на САД, Велика Британија и Франција против Русија, Сирија и Иран. Но, ќе има разни последици". 

Според зборовите на Др. Тил, зборовите во Библијата упатуваат на Велика Британија и САД, кои заедно учествувале во ракетниот напад за време на викендот. Теоретичарот на заговори потоа цитирал и пасуси кои споменуваат уништување на Дамаск, главниот град на Сирија и сирискиот режим. Според неговото мислење, уништувањето на Дамаск ќе предизвика користење на оружје за масовно уништување. Др. Тил рекол: "Ова ќе се случи. Уште не се случи, но ќе се случи". 

"Се тврди дека Дамаск е најстариот населен град на светот. Пророкот Исаија го напишал ова предупредување за уништување кое доаѓа во Дамаск".

Но, за секој што се плаши од избивање на Трета светска војна, теоретичарите на заговор се уверени дека неодамнешниот воен удар уште не предизвикал глобален судир.

Наместо тоа, Др. Тил вели дека ракетниот напад во саботата ја поставил сцената за подоцнежните настани - уништување на Дамаск од страна на САД и европските сили кое ќе послужи како катализатор за Трета светска војна. Сето ова наводно ќе се случи непосредно пред големото страдање, период на интензивен глад, војна, уништување и хаос.

Теоретичарот вели: "Кога станува збор за Тратата светска војна, таа ќе се случи. Веројатно прво ќе го видиме уништен Дамаск, и тоа би можело да биде поради ескалација на сегашниот судир или работи кои ќе се случуваат меѓу Израел, Иран и Сирија. Знаеме дека Библијата вели дека главниот град на Сирија, Дамаск, ќе биде уништен. Светската војна ќе почне. Дали е Трета светска војна тоа што го направија САД, Велика Британија и Франција во Сирија? Не е".



Спонзорирани линкови

Маркетинг