Новиот краток цртан филм на Пиксар „Бао” е пресладок

Точка

18/04/2018

00:11

4.621

Големина на фонт

а а а

Па, овде имаме нешто преслатко. Има шанса да сте слушнале за Бао, претстојниот осумминутен краток анимиран филм на Пиксар, за кинеската кнедла која станува свесна. Краткиот филм ќе има своја премиера на филмскиот фестивал Трибека кон крајот на овој месец, но во кината ќе се дава непосредно пред "Неверојатните 2", односно на 15 јуни; ова е првиот краток филм на Пиксар режиран од жена.

Иако Пиксар првично зборуваа за „Бао” кон крајот на март, студиото не сподели многу детали, освен синопсисот:


Во "Бао", една мајка од Кина, која страда од синдром на празно гнездо, добива уште една шанса за мајчинство, кога една од нејзините кнедли ќе оживее како насмеано кнедла момче. Мајката возбудено ја пречекува оваа нова радост во нејзиниот живот, но Кнедлата започнува брзо да расте, и мајката мора да дојде до горчливото откритие дека ништо не останува слатко и мало засекогаш. Овој краток филм од Pixar Animation Studios и режисерката Доме Ши ги истражува подемите и падовите на односот родител-дете во оваа ново шарено, богато и вкусно доживување.

Во четвртокот, студиото објави клип од 31 секунда од краткиот анимиран филм, и изгледа навистина прекрасно. Не ви кажувам што ќе видите, само погледнете го.


Едвај чекам да ги видам останатите седум минути и 29 секунди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг