Како долготрајното седење пред монитор влијае на нашиот мозок?

Точка

17/04/2018

22:42

3.920

Големина на фонт

а а а

Ако сте еден од оние луѓе кои заработуваат седејќи во канцеларија пред компјутер, една нова студија од калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес може непријатно да ве изненади.

Иако веќе одамна е познато дека секојдневното долго седење пред компјутер не е добро за здравјето, новото истражување објавена од страна на калифорниската истражувачка организација „Plos”, покажа дека седечкиот начин на живот влијае на дебелината на слепоочниот резен  на мозокот одговорен за меморија.


Во истражувањето спроведено на 35 лица на возраст од 45 до 65 години, е забележано дека оние кои имаат поминато повеќе часови пред монитор, една недела пред истражувањето, имале потенка структура на мозочниот резен.


Иако научниците не биле во можност целосно да потврдат дека ова е причината за потенката структура, во заклучокот изјавиле дека неактивниот начин на живот може да доведе до деменција и когнитивен пад во подоцнежна возраст. Причината за ова е дека неактивноста е веќе поврзана со срцеви заболувања, дијабетес и рак на дебелото црево.


Научниците велат дека поради тоа треба што повеќе да бидеме активни, ако сакаме да ги намалиме шансите за развој на овие болести и укажуваат на тоа дека активноста е најдобар  превентивен лек за Алцхајмерова болест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг