Брнабиќ го оцени извештајот на ЕК како реален: Мора да го подобриме владеењето на правото

Макфакс

17/04/2018

20:10

2.450

Големина на фонт

а а а

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска го прими извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија, кој ѝ беше врачен од страна на шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Сем Фабрици.

„Српската влада мора да ги стави реформите како приоритет“, изјави Фабрици по состанокот со Брнабиќ, додавајќи дека одреден напредок е постигнат во подобрувањето на правосудството и организираниот криминал, но кога станува збор за слободата на изразувањето, нема многу напредок.

Фабрици истакнал дека Србија мора да вложи напори да ги почитува постоечките договори помеѓу Белград и Приштина и да продолжи со нивната реализација.

Премиерката Брнабиќ на прес-конференција констатираше дека извештајот е детален, добар и позитивен за Србија.

„Извештајот ја рефлектира Србија онаква каква што е и сето она што треба да го сториме во иднина, не само поради пристапувањето во ЕУ, туку со цел да имаме посилна и поразвиена држава“, наведе Брнабиќ.

Таа посочи дека во однос на владеењето на правото, извештајот го истакнува напредокот, но оти мора да се продолжи со работа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг