Бушати: Препораката од Европската комисија е голем ден за Албанија

Макфакс

17/04/2018

17:51

1.754

Големина на фонт

а а а

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, препораката на ЕК за започнување на преговорите со Албанија за членство во ЕУ ја оцени како голем ден за Албанија.

Во првата реакција на официјална Тирана за препораката на ЕК, Бушати истакнува дека преземените реформи во земјата даваат резултати. Тој додава дека сега треба  да се засукаат ракавите уште повеќе и да се продолжи со реформите.

„Длабоките реформи кои ги презеде Албанија на крајот дадоа плодови, а е сосема јасно дека регионот е дел од Европа“, истакна министерот за надворешни работи на Албанија на својот профил на „Твитер“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг