Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската Унија, соопшти еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот за напредокот на Македонија.
„Направено е многу и тоа треба да биде пофалено, а Унијата соодветно да одговори на тие напори“, рече Хан и додаде дека препораката се базира на длабока анализа.
Тој истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен Балкан ја потврдиле европската иднина.