Теоретичарите на заговори тврдат дека ни се ближи судниот ден, и тоа на 23. април. Велат дека тогаш во соѕвездието Девица ќе дојде до порамнување на Сонцето, Месечината и Јупитер. Таа ноќ, на небото ќе се појави мистериозната планета Нибиру, која ќе го следи почетокот на Третата светска војна, подемот на Антихристите и седум години мака.
Иако овие предвидувања се повеќе од алармантни, НАСА соопштила дека таканаречената "планета на смртта" воопшто не постои, а последните години нумеролозите неколку пати го менувале датумот за крајот на светот.
Меѓутоа, теоретичарите на заговор упорно тврдат дека небесниот феномен кој доаѓа е поврзан со уште едно небесно порамнување, кое се случило уште во ноември и кое го обележало почетокот на крајот.
Тврдењата се темелат на поглавјето 12:1-2 од Книгата на откровението, каде пишува: "Голем знак се појавил на небото: жена облечена во Сонце, со Месечината под нозе и круна со 12 ѕвезди на главата. Беше бремена и плачеше во болка и агонија од раѓањето". Според теоријата на заговор, жената е Девицата.
Иако порамнувањето на небесните тела не е реткост бидејќи се случува на секои 12 години, некои тврдат дека дополнителното порамнување ќе го предизвика судниот ден.
Дејвид Мејд, познат по најавите за судниот ден, ја поддржува оваа теорија дека светот ќе доживее апокалипса до крајот на овој месец.
"До април 2018. година сите вистински христијани ќе исчезнат од светот и одат на небото", напишал Мејд. "Кратко после тоа следи доаѓањето на Антихристите, појавувањето на Планетата X, позната како Нибиру, која ќе мине покрај Земјата овој октомври и ќе предизвика силни вулкански ерупции".
Мејд, меѓутоа, многу пати погрешил во своите предвидувања. Така, на пример, предвидел крај на светот за септември 2017. година, а потоа крајот го префрлил во октомври истата година.
Експертите ги отфрлаат неговите теории. НАСА изјавила дека тврдењата дека постои планета Нибиру се интернет измама. "Таа планета не постои, па така и нема можност за судир со неа", едноставно објаснила вселенската агенција.