Новиот iPhone: Три камери и 5х оптички зум

Точка

17/04/2018

17:44

2.514

Големина на фонт

а а а

Се чини дека покрај големиот екран, Apple главен акцент кај новиот iPhone X Plus ќе стави на квалитетот на фотографија и снимањето на видеа - на задната страна ќе има дури три камери.

Според гласините кои што неодамна беа објавени на „Форбс“, се чини дека Apple планира кај новиот iPhone X Plus да вгради дури три камери на задната страна. Трите камери и бројните технологии ќе овозможат уште подобро правење на портрет фотографии и фотографии во услови со слабо осветлување.

Покрај тоа, една од главните карактеристики кај новиот iPhone X Plus ќе биде и тоа што задната камера ќе има 5х оптички зум.


Актуелниот модел со две задни камери (Моделите Plus и iPhone X) имаат двоен оптички зум, така што ова ќе биде голем напредок, а се претпоставува дека поради оваа опција и ќе „скокне“ цената на iPhone X Plus.

Како што е познато, Apple во септември ќе постави 6,1-инчен паметен телефон со LCD екран. Станува збор за наследникот на iPhone X кој ќе има 5,8-инчен OLED екран, а според гласините, iPhone X Plus ќе има дури 6,5-инчен OLED екран и три камери на задната страна од телефонот.


Сепак, како што пренесуваат американските медиуми, овој телефон би можел да се продава по цена од 1100 долари, иако има и гласини дека од Apple одлучиле да ја симнат цената под 1000 долари. Сепак, останува да почекаме и да видиме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг