Проблеми за Алфа Ромео: Го повлекуваат моќниот Stelvio

Точка

17/04/2018

16:56

3.424

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат американските медиуми, еден купувач се пожалил дека „вода тече на сите страни и дека багажникот на SUV-то самиот се отвора“.

Голем број на купувачи на САД пријавиле најразлични проблеми со "Stelvio" на италијанскиот производител Алфа Ромео. Надлежните власти на САД реагирале, а од италијанскиот производител порачале дека ќе мора да повлечат околу 12 илјади автомобили.

Проблемот со отворањето на вратата е предизвикан, како што велат претставниците на Алфа Ромео, со кородирање на конекоторот. Поради тоа, вратата од багажникот може да се отвори за време на возењето, но само при помали брзини.


Покрај тоа, се јавил уште еден проблем, а тоа е протекувањето на вода на предниот дел од автомобилот. Имено, поради капењето на течноста на контролниот модел, "Stelvio" би можел да остане без многу важни функции, како што е целосната употреба на светлата и бришачите на ветробранското стакло.

Како што пренесуваат американските медиуми, проблемот со отворањето на вратата од багажникот предизвикува протекување на вода. Од Алфа Ромео веќе порачаа дека повлечените автомобили ќе добијат подобра заштита на цревата, а проблемите со вишокот на течности ќе бидат решени.


Според достапните податоци, Алфа Ромео оваа година во САД, заклучно со март продале 5,374 примероци на "Stelvio", а од италијанскиот производител засега не откриваат дали ќе повлечат автомобили и од другите земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг