Хан и Могерини доаѓаат во Скопје

Макфакс

17/04/2018

15:52

1.340

Големина на фонт

а а а

Утре во официјална посета на Република Македонија ќе пристигне делегација на Европската Унија предводена од Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Во рамките на официјалната посета Хан и делегацијата на ЕУ ќе се сретнат со Претседателот на Владата, Зоран Заев и владина делегација во Клубот на пратеници на заеднички работен појадок и официјална средба.

По завршување на средбата, Заев и Хан ќе оддржат заедничка прес-конференција.

Во Скопје пристигнува и високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, која се очекува утре да се обрати во Собранието по повод Извештајот на Европската Комисија, за напредокот на Македонија.

Во прес-центарот на Владата соопштија дека Могерини ќе се сретне со премиерот Зоран Заев по што, утре на пладне, ќе оддржат заедничка прес конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг