Драга, си направив робот од седум тони

Точка

17/04/2018

18:14

4.481

Големина на фонт

а а а

Кога ќе видите нешто вакво не може, а да не се воодушевите и возбудите. Прво нема да ви се верува дека некој воопшто успеал да изгради робот како од „Трансформери”, а потоа сигурно ќе сакате да влезете во пилотската кабина. И кога ќе се запрашате на кого му текнало вакво нешто, одговорот е на кој друг ако не на Јапонец.


„Мислам дека ова е најголемиот робот што може да се управува, а инспирацијата за него ми дојде од цртаниот филм”, рече јапонскиот инженер Масааки Нагумо.


Роботот LW-Mononof беше откриен во селото Шинто во Гунма, Јапонија. Тој е изграден од страна на компанијата „Сакакибара Кикаи”, која е позната по производството на земјоделски машини.


Тој е направен според омилената цртана серија на Нагумо „Mobile Suit Gundam”, која ја обожувал кога бил дете. Роботот тежи седум тони, и е висок осум и пол метри. Има пилотска кабина, која вклучува монитор и рачка за полесно да може да се контролира роботот.


Иако изгледа неверојатно, не служи само за гледање. Имено, роботот ги движи рацете и прстите без никаков проблем, горниот дел од телото, а може да оди напред и назад.


Како негова најдобра карактеристика, се истакнува испукувањето на џиновски топчиња од пена, кои можат да достигнат брзина до 140 километри на час.


Компанијата „Сакакибара Кикаи”, исто така, има развиено и помали роботи кои можат да се изнајмат. Тие најчесто се изнајмуваат за детски родендени и забави, а цената е нешто над 740 евра за еден час.

Се надевам дека ќе останат само за забава и родендени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг