Видео: Како до трајно права коса

Fashionel.mk

17/04/2018

13:49

4.411

Големина на фонт

а а а

Порано апсолутен хит меѓу фризурите беше т.н. „ладна“ односно „трајна“ фризура. Кадриците тренд кој траеше со децении.

Но, последните години многу попопуларна и посакнувана е правата коса. Речиси и да не постои жена што секое утро ја фенира својата коса или која не посакува мазна и сјајна коса.

Исто така, знаеме дека знае да биде мачно и досадно да морате секој ден или два да го повторувате истото, а честопати и да не сте задоволни со резултатот - ова посебно ќе го разберат оние што имаат природно кадрава, но сакаат да имаат права коса.  

На социјалните мрежи се појави видео со метода која веќе се применува во САД, а која го дава саканиот резултат. Се работи за ласерски третман, поточно третман со фото-зраци на косата, со кој таа останува права дури осум месеци. 

Како што се вели, апаратот не ја оштетува косата, која притоа и се третира со соодветни кератински третмани.  

Резултатот е мазна и сјајна права коса цели осум месеци, а потоа само ќе треба да се повтори третманот во пределот на коренот.

Мислењата во САД се поделени, барем по коментарите на социјалните мрежи и медиумите. Додека едни го прегрнуваат ваквиот изум, други се сомневаат во (не)штетноста на техниката, како и долготрајноста на резултатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг