Харадинај: Не знам, можеби сум убил некого, војна е војна

Макфакс

17/04/2018

11:49

1.415

Големина на фонт

а а а

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервју за телевизијата „Хепи“ вели дека не знае, но можеби убил некого во војната.

„Не знам, најверојатно, војна е војна. Облеков униформа свесен за последиците. Изгубив двајца браќа во униформа, исто така размислува и српскиот војник кога ќе тргне во војна. Ако неможеш да го поднесеш тоа, тогаш не влегувај во судири“ вели Харадинај.

На прашањето како исчезнала легендаата за црниот Харадинај, косовскиот премиер вели дека го видел тоа на телевизија и дека тоа било пропаганда.

„ За мене е нормално тоа да се зборува за време на војна, кога две страни се во судир. Но неми е јасно зошто тоа продолжи по војната“ наведува Харадинај.

Косовскиот премиер тврди дека Американците му дале се на Милошевиќ за да ја уништи ОВК, но тој не успеал. На прашањето како во затворот можел да се дружи со Србите, а на слобода не, тој рекол: „Па се гледам со Србите и се дружам. Еве им честитав Божик и Велигден, не се согласуваме секогаш, но се согласуваме“ вели Харадинај.

Според него, Албанците не се муслимани по идентитет и дека не се гордее со снимките од рушењето на српските цркви и манастири.



Спонзорирани линкови

Маркетинг